Натпреварите од Ла Лига ќе се играат и во Северна Америка!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Примера потпиша договор со „Релевант Спортс“, а според тој договор тимови од шпанската лига ќе одиграат неколку натпревари во Северна Америка.

„Оваа соработка е голем чекор во популаризацијата на фудбалот во Северна Америка. Оваа врска ќе создаде нова шанса за голем број навивачи во фудбалот во Америка“, соопшти претседателот на „Релевант Спортс“.

Не се откриени повеќе детали, освен дека се договараат термините за играње на натпреварите, а најмалку еден дуел од шпанската лига ќе се одигра сезонава во Северна Америка.

Инаку, претседателот на лигата, Хавиер Тебас ја отврли можноста „Ел Класико“ да се игра надвор од Шпанија.