Незадоволството е големо, нема повеќе време: Реал Мадрид троши 260 милиони евра за две засилувања!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид мора да менува нешто, доколку сака во наредната сезона да се бори на сите фронтови и за сите трофеи. Уште е поголемо незадоволството кај „кралевите“ по вчерашниот пораз во европскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид со 2-4.

„Дон Балон“ пишува дека „кралевите“ се подготвени да понудат 225 милиони евра за ѕвездата на Челси, Еден Азар, кој ќе се обидат да го убедат да пристигне до крајот на преодниот рок.

Но, Реал Мадрид има уште една голема желба, а тоа е уште еден играч на „сините“ од Лондон, поточно Маркос Алосно за кого, наводно, ќе понудат 35 милиони евра.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира да потроши вкупно 260 милиони евра за двете ѕвезди на Челси, но не е познато дали „сините“ ќе ја прифатат оваа богата понуда.

Сепак, едно е сигурно, а тоа е дека шпекулациите ќе продолжат и понатаму до крајот на преодниот рок во Шпанија, кој е на 31. август.