Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во финишот на летниот преоден рок повторно се појавија шпекулации дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ и ќе потпише за Реал Мадрид, со кого се поврзуваше и претходните месеци.
Нејмар минатото лето стана најскап играч во историјата, откако за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Сепак, веќе со месеци се шпекулира дека Бразилецот ќе го напушти Париз.
Иако претходните недели не се зборуваше за неговиот трансфер, сепак ситуацијата повторно се искомплицира и шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез е очаен и сака големо засилување до крајот на преодниот рок.
„Л`Екип“ пишува дека ПСЖ можеби ќе мора да го продаде Нејмар и да заработи над 300 милиони евра. Парижаните имаат проблеми со финансискиот фер-плеј поради трансферите на Бразилецот и Килијан Мбапе.
Перез подготви повеќе од 300 милиони евра за трансфери летово, но засега не ангажираше ниту едно звучно засилување.