Спектакл на „Стемфорд бриџ“: Челси по голема борба го победи Арсенал (ВИДЕО)


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Во дербито на второто коло на англиската Премиерлигата Челси го победи Арсенал со 3-2 и сега има шест бода на табелата.

Навистина одличен натпревар беше одигран на „Стемфорд бриџ“ и екипата на Маурицио Сари стигна до нова победа, додека Арсенал до нов пораз со Унај Емери,

Во деветата минута Педро беше стрелец на водечкиот гол за „сините“ по одлична акција по левата страна, а во 20. минута Алваро Мората стрелаше за 2-0.

Во финишот на првите 45 минути Арсенал успеа да се врати во игра, откако Хенрик Михтаријан погоди во 37. минута за 2-1, а четири минути подоцна Ивоби реализираше за 2-2.

Во продолжение од мечот доминираа домаќините, па преку Маркос Алонсо во 81. минута го поставија конечниот резултат (3-2) и освоија три бода.

Во следното коло Челси ќе игра против Њукасл на „Сент Џејмс парк“, а Арсенал на „Емирати“ го пречекува Вест хем.