Роналдо: Со Јувентус по Лигата на шампионите, а син ми ќе биде како мене, уверен сум во тоа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус како би му помогнал на овој клуб да го освои трофејот во Лига на шампиони.

Старата дама за трофеј за најдобар тим во Еврпа чека повеќе од две децении и ова лето одлучија да го донесат најдобриот светски фудбалер како би им помогнал да го остварат нивниот сон.
Роналдо во разговор за ДАЗН откри дека цел му е овој трофеј но и дека ќе одат на сите можни трофеи.

,,Сакам да ја освојам Лигата на шампиони со Јувентус. Фокусирани сме на тоа, но не сме опсесивни. Одиме чекор по чекор, дали оваа или следната година. Цел е освојување на лигата, Купот и секако да направиме колку што можеме повеќе во Лигата на шампионите”- изјави Кристијано Роналдо.

Уверен е и дека неговиот наследник Кристијано Јуниор е на големата врата да влезе во светот на фудбалот.

,, Натпреварувачки е настроен. Ме потсетува на мене кога бев дете. Не сака да губи и ќе биде како мене, во тоа сум 100% сигурен. Би сакал да го научам на некои работи, но на крај тој ќе одлучи што ќе работи и секогаш ќе ја има мојата подршка. Би сакал да стане фудбалер бидејќи има страст за тоа”- додава новиот фудбалер на Јувентус.