Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шампионот на Италија со тешка победа против Киево ја започна сезоната. Првиот домашен натпревар е сега голем предизвик бидејќи Јуве го дочекува големиот ривал Лацио.
Тренерот на Бјанконерите, Алегри најави одредени промени во тимот. Има дилема кога е во прашање составување на првиот тим.
„Ќе има неколку промени. Морам да донесам одлука ѕа Матуиди. Во добра форма е, иако касно се приклучи во тимот. Исто така, денес ќе одлучам за Дибала. Наскоро ќе играме натпревар на секои три дена и промените во тимот ќе бидат природни“, истакна Алегри.
Истакна дека не треба никој да се чуди доколку Роналдо на некои натпревари заврши на клупата.
„Роналдо е прав шампион кој се изгради со многу работа и жртва. Роналдо никогаш на клупа? И тоа може да се случи“, порача Алегри.
Мечот помеѓу Јувентус и Лацио се игра во сабота од 18.00 часот.