Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол во тимот на Јувентус. Иако на натпреварите против Киево и Лацио упати неколку опасни удари, Португалецот се уште чека на својот првенец во новиот клуб.
Интересен момент имаше на вчерашната средба против Лацио која Јувентус ја доби со 2:0. Роналдо прифати една нафрлена топка од Бернардески, но наместо со глава ја удри со раката. Тоа не го забележа никој, а топката за малку не го изненади Стракоша.
Нешто подоцна Роналдо се сплетка и наместо да реализира во празната мрежа, „несреќно“ асистираше до Манџукиќ кој го постигна вториот гол за Јувентус.