Паулињо замина од Барселона и стана најдобар играч во Кина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот играч за врска Паулињо си замина од Барселона и потпиша за својот поранешен клуб Гвангжу Евергранде.

Многумина помислија дека овој потег го направи поради пари, но статистиката покажува дека Бразилецот целосно доминира на теренот, па очигледно не било само поради пари.

Паулињо во моментов има постигнато осум гола и пет асистенции на осум одиграни натпревари, па е најдобар играч во кинеската лига.

Инаку, Гвангжу Евергранде во тој период стигна до седум победи и еден пораз, па се наоѓа на третото место на табелата.