Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец, Томас Вермален после две сезони си замина од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Рома.
Вермален во Барселона стигна од Арсенал во 2014-та година, но поради повреда пропушти многу наптревари. Белгиецот одлучи ова лето да го промени клубот и кариерата ќе ја продолжи во Рома.
Сепак, Барселона не го пушти така Вермален во Рома. Италијанските медиуми соопштија интересна приказна за трансферот на овој дефанзивец од Барселона во Рома.
Раководството на каталонскиот клуб имаа само еден услов за римјаните, а тоа е една интересна клаузула во договорот. Барселона го продаде Вермален, но доби право следното лето да го откупи договорот на Костас Манолас.
Манолас момантално заработува 1.8 милиони евра, но гркот очекува зголемување на платата ова лето на 3 милиони евра годишно. Волчицата е спремна уште една сезона да го плаќа Манолас кој следното лето ќе го напушти Олимпико.