Пеп објасни зошто Сане не играше против Њукасл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола негираше дека не е задоволен со залагањата на Лерој Сане откако Германецот беше изоставен од составот за натпреварот против Њуклас.

Шпанецот потврди дека во тимот има шест офанзивни фудбалери и дека во иднина ќе продолжи да ги ротира.

„Минатиот натпревар Фоден не беше во составот. Ми беше жал за него како што ми е жал за Сане сега. Имаме шест напаѓачи и јас одлучив да играм со двајца напаѓачи, две крила и плус еден на клупата. Токму затоа одлучив дека за тој натпревар Сане не е потребен. Во следните натпревари тој ќе игра“-коментираше Гвардиола.