Решена е мистеријата: Вокер објасни зошто има дупки на своите штуцни (ФОТО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Манчестер сити вчера на домашен терен го победи Њукасл со 2-1 во натпревар од четвртото коло на Премиерлигата.

Актуелниот шампион на Англија стигна до три бода потешко од очекуваното, а јунак беше Кајл Вокер, кој на почетокот на второто полувреме погоди за победи.

Вокер веќе некое време игра во штуцни кои имаат дупки, а многумина се прашуваа зошто го прави тоа. По вчерашниот дуел, Вокер конечно реши да објасни поради што ги прави дупките на нив.

„Штуцните кои ги имаме се мали за мојата нога и едноставно премногу ме стегаат и ми прават притисок во нозете. Поради тоа имав болка во мускулите, а кога почнав да правам дупки тоа престана“, кажа Вокер.