ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Арсенал со 3:2 славеше на гостувањето во Велс кај екипата на Кардиф и со тоа ја запиша втората победа во сезоната.
Избраниците на Емери доминираа на оваа средба, но мораа да се помачат за да стигнат до трите бода. „Топчиите“ на два пати водеа, но домаќините два пати го стигнуваа резултатот, за на крајот Лаказет да ја забие топката во голот на Етериџ за конечни 3:2.
Најпрво Арсенал поведе во 11. минута кога Мустафи ја затресе мрежата на домаќините. Кардиф израмни во продолжението на првото полувреме преку Камарасе. На 2:1 зголеми Обамејанг со одличен гол во 62. минута, но во 70. минута Кардиф повторно израмни преку Ворд.
Крај на надежите за домаќините стави Александр Лаказет во 81. минута со фантастичен гол.