Играчот кој му донесе титула на Манчестер Јунајтед во 2008 година ќе игра во соседна Грција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и редовен репрезентативец на Италија во помладите категории, Федерико Македа потпиша договор со грчкиот Панатинајкос.

27 годишниот напаѓач кој ветуваше многу додека го носеше дресот на „ѓаволите“ потпиша тригодишен договор со тимот на Панатинајкос.

Кариерата на Македа за жал не замина во вистинска насока, па освен головите против Астон Вила и Сандерленд, кои беа едни од најважните за Манчестер Јунајтед во 2008 година кога ја освоија титулата во Премиер лигата, Италијанецот не стори ама баш ништо во следните години.

Беше праќан на позајмици во Сампдорија, КПР, Штутгарт, Донкастер, Бирмингем и Кардиф каде прикажуваше слаби игри, па со право беше отпуштен од Манчестер Јунајтед.

Негов последен клуб беше тимот на Новара кој се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Италија, Серија Б.