Четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед ја загубиле довербата во Мурињо

Англискиот „Дејли Мејл“ пренесува дека дури четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед ја изгубиле довербата во Жозе Мурињо.

Пол Погба, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд и Ерик Бејли веруваат дека не може да просперираат под водство на португалскиот стратег.

Сепак, победата и одличната игра на тешкото гостување на „Турф Мур“ можеби ќе ги премисли овие фудбалери и ќе почнат да веруваат повеќе во тимот.

Иако важеа за огромни таленти, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд видно запреа во нивниот фудбалски напредок под водство на Мурињо кој не негува офанзивен фудбал како што се навикнати да играат овие брзоноги фудбалери.