Челси преку Бакајоко сака да „украде“ играч на Милан!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Челси го испратија Тиемуе Бакајоко на едногодишна позајмица во Милан, со опција да може италијанскиот клуб да го откупи.

Бакајоко ќе се обиде да ја врати својата форма од Монако, кога беше мета на многу екипи. Исто така, Челси се надева дека може да „украде“ играч токму поради Французинот.

Сусо беше во Премиерлигата и настапуваше за Ливерпул, но не успеа да го исполни потенцијалот и да ги покаже своите квалитети.

Сега во Милано игра фантастично и голем број тимови го сакаат, а Милан успеа да го задржи летово, но тешко дека ќе остане уште долго со нив.

Дури и Гатузо кажа дека во иднина клубот би можел да заработи многу пари на неговиот трансфер.

Сепак, постои уште една опција. Фабрегас или Луиз да го напуштат „Стемфорд Бриџ“, а токму Милан да биде нивна нова дестинација.