Директорски трансфер од Арсенал во Милан (ФОТО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис, ќе ја напушти таа функција и ќе биде дел од управата на Милан.

Овој 54-годишен функционер на „топчиите“ на крајот на октомври ќе ја напушти директорската позиција на „Емирати“, а ќе замине во Милан, каде што ќе работи како извршен директор.

Газидис беше еден од најзаслужните за ангажирањето на тренерот Унај Емери, кој го замени легендарниот Арсен Венгер.