Липи го коментираше случајот „Роналдо“: Помошниот судија имаше халуцинации!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот италијански тренер Марсело Липи го критикуваше судијата Феликс Брих и неговиот помошник, зашто во средата решија да му покажат црвен картон на Кристијано Роналдо во Лигата на шампиони.

Многумина сметаат дека Роналдо добил незаслужен црвен картон, а еден од нив е Липи, кој вели дека помошникот имал халуцинации.

„Случајот Кристијано Роналдо го прегледа светскиот ВАР, па сите видоа дека тоа не беше за црвен картон. Не може поради гребнатинка да исклучувате играч. Помошникот Фриц имаше халуцинации. Би било убаво УЕФА да ја признае грешката. Сега некои работи не може да се сменат, но суспензија би била апсурдна“, вели Липи.

Да потсетиме, Португалецот поради црвениот картон нема да игра против Јанг Бојс, а ако УЕФА го суспендира на повеќе натпревари, тогаш би требало да ги пропушти дуелите против Манчестер јунајтед.