Абрамович заминува од Челси: Еден од најбогатите луѓе во светот доаѓа во Лондон!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот бизнисмен Роман Абрамович мора да се заштити во случај на санкции од САД, а бидејќи му е забрането да работи во Англија, реши да го продаде Челси и да тргне во друг правец.

Абрамович веќе одби понуда од 2,3 милијарди фунти и постави цена од три милијарди. Неколку имиња се поврзуваа со преземање на клубот, а покрај најбогатиот Англичанец, Сер Џим Ретклиф се појави уште едно лице.

Пол Ален е еден од најбогатите луѓе во светот со проценето богатство од 20,5 милијарди долари за годинава.

Ален е познат како голем љубител на спортот. Па, досега ги купи Портланд од НБА-лигата и Сиетл од НФЛ-лигата.

Разговорите во САД во име на Абрамович ги предводи неговиот агент Пини Захави, а наскоро ќе се знаат повеќе информации за евентуалната продажба.

Абрамович го купи Челси за 140 милиони фунти во 2003. година, но во претходните 15 години направи вистински европски гигант кој ја освои Европа, а покрај титулата на Лигата на шампиони, освои уште 16 други трофеи, меѓу кои и пет титули во Премиерлигата.