Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некои медиуми пренесуваат дека деновите на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед веќе се одброени.
Шпанскиот весник „Дон Балон“ објави информација дека веќе е постигнат начелен договор помеѓу Манчестер Јунајтед и Зинедин Зидан, а сега се чека само уште дефинитивно заминување на Жозе Мурињо од позицијата предводник на клубот.
Наводно, од раководството на „ѓаволите“ ќе почекаат до крајот на октомври за Мурињо сам да си поднесе оставка, а доколку тоа не се случи Португалецот ќе добие отказ, а на негово место ќе дојде Зинедин Зидан.
Уште од стартот на сезоната врие во Манчестер Јунајтед, а Жозе Мурињо веќе е во лоши односи со речиси половина фудбалери на тимот. Погба, Марсијал, Рашфрод, Мата, Шо, Переира и уште неколку помлади фудбалери наводно се револтирани од начинот на кој Мурињо го води најголемиот клуб во Англија и побарале доколку тој не замине, тие да бидат продадени во јануари, или следното лето.