Раиола ќе ја чека разврската со Мурињо и потоа ќе разговара со челниците на Манчестер Јунајтед


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Веќе на големо се шпекулира дека месец октомври ќе биде клучниот за иднината на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Некои медиуми пренесуваат дека на Португалецот му се подготвува отказ и дека пред промоција во нов тренер на клубот е Зинедин Зидан.

Агентот на Пол Погба, Мино Раиола ќе се состане со челниците на Јунајтед во ноември за да ја дискутира иднината на фудбалерот. „Гардијан“ пренесува дека Раиола сака да биде сигурен што ќе се случува со неговиот клиент и дали тој ќе биде продаден во зимскиот преоден рок, или тоа ќе се случи на лето.

Сепак, лично Раиола ја побарал средбата за до крајот на месец ноември за да види што ќе се случи со Мурињо кој очигледно е во лоши односи со неговиот клиент, Пол Погба.