Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Суперталентираниот тинејџер Килијан Мбапе имал желба да го облече дресот на еден од најголемите клубови во светот.
Поранешниот кандидат за претседател на Барселона, Жозе Марија Мингела, откри дека Мбапе лесно можел да стане играч на Каталонците.
Французинот го воодушеви светот со настапите во Монако, каде што беше постојано во центар на внимание и желба на многу гиганти, но на крајот реши да се пресели во ПСЖ.
Сепак, најдобриот тинејџер во светот можел да се пресели на друго место.
„Мбапе беше понуден на Барселона, дури и неговиот татко ми кажа дека Килијан сака да игра таму, но дека управата на клубот решила да го ангажира Дембеле“, кажа Мингела.