Вистинска мајсторија: Болт го постигна својот прв гол во кариерата

Легендарниот спринтер Усаин Болт го постигна првиот гол во неговата професионална фудбалска кариера.

Тој настапува за екипата на Central Coast Mariners од Австралија и постигна гол на пријателскиот натпревар против Macarthur South West United.

Болт и побегна на одбраната на противникот и постигна убав погодок, а со ова покажа дека и тоа како има фудбалски познавања.

Погледнете го видеото во продолжение.