Фотографија која го опколи интернетот: Рамос пушти солза после петтиот гол на Барса?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Барселона вешка го декласираше тимот на Реал Мадрид во едно од најголемите дербиња во светот, во рамките на 10. коло во шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб уште еднаш им нанесе многу тежок пораз на својот лут ривал, а Кралевите на крајот го напуштија Камп Ноу со пет голови во мрежата. Реал Мадрид одамна не бил вака во резултатска криза, бидјќи во последните пет натпревари доживеаа дури четири порази.

Сепак, бламажата против Барса сигурно е нешто што најтешко им паѓа на играчите на Реал Мадрид.

Во центарот на вниманието беше капитенот на овој тим, Серхио Рамос, а навивачите на социјалните мрежи врдат дека тој дури пуштил и солза после петтиот гол на Барса.

Во 83. минута Артуро Видал погоди за конечно 5-1, а во центарот на вниманието на камерата се најде Рамос. Неговата фотографија кружи низ интернет па предизвика голем број на реакции.