Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лопетеги пристигна во Кралскиот клуб пред четири месеци кога ја напушти и клупата на Шпанија еден ден пред СП, само за да дојде во Реал Мадрид.
Сепак, неговата авантура на Сантијаго Бернабеу траеше само четири месеци, а после очајните резултати и четирите порази во пет натпревари беа причина тој да добие отказ.
Капка која ја прели чашата беше дебаклот на Камп Ноу против Барселона, каде што Кралскиот клуб беше демолиран со 5-1. Лопетеги после тој натпревар знаеше дека отказот му е спремен и според пишувањата на шпанските медиуми во соблекувалната се простил со фудбалерите на Реал Мадрид.
Но, угледната Марка тврди дека имало и фудбалери кои пробале да ги уверат челниците на клубот да сочекаат со отказот.
Водач на оваа група бил Серхио Рамос, кој има одличен однос со Лопетеги, а го поддржале и уште неколку искусни фудбалери меѓу кои Марсело, Иско, Касемиро и Крос. Сепак, ниту они не успеале да го спасат од отказ.