Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека од таборот на Вулверхемптон во јануарскиот преоден рок ќе се обида да го донесат заборавениот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги.
Нуно Еспирито Санто го посакуваше младиот белгиски напаѓач и во летниот преоден рок, но тогаш реализација на трансферот не дојде поради тоа што Ливерпул бараше 20 милиони фунти за неговите услуги.
Од Вулвс се надеваат дека „Црвените“ оваа зима ќе ја намалат цената за играчот кој се уште нема настап за првиот тим на Ливерпул оваа сезона.