„Се сомневам дека некој би одбил да игра за Мурињо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешната легенда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, смета дека фудбалерите и понатаму сакаат да играат под водство на тренерот Жозе Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се осми на табелата во Премиерлигата, а зад Манчестер Сити и Ливерпул имаат веќе девет бодови негатива.

Лошиот почеток на сезоната почна многу шпекулации за иднината на Португалецот, но Руни нема никакви дилеми.

„Очигледно клубот поминува низ тежок период, но Мурињо има искуство. Сигурен сум дека и некои фудбалери би можеле да бидат подобри. Се надевам дека ќе направат пресврт во сезоната и ќе го видиме Јунајтед на врвот“, кажа Руни.

Наредниот дуел Јунајтед го игра против Борнмут.