Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фантастичен меч во првото коло од Премиер лигата на Емирати одиграа Арсенал и Ливерпул, а гостите на крајот славеа победа со резултат 4:3.
Првите пола час од овој дуел не даде некој знак дека овој дуел ќе има вистинска голеада.
Двата тима го чуваа својот гол се до 31 минута. Прво е досуден пенал за Арсенал, Тео Волкот го промаши, но истиот играч во продолжението на акцијата погоди за предност на Топџиите од 1:0.
Предноста на домашниот тим траеше се до судиското продолжение на дуелот кога се случи најубавиот момент на натпреварот. Филипе Кутињо се избори за прекршок, а потоа спектакуларно погоди за израмнување на резултатот на 1:1.
За 20 минути од играта во продолжението се видени уште четири погодоци. Редсите преку Лалана, Кутињо и Мане стигнаа до голема предност од 4:1, а потоа Елекс Окслед Чембрлејн ја намали предноста на екипата од Енфилд на 4:2. Нов гол е постигнат во 75 минута, а Арсенал дојде до трет погодок и враќање во мечот. Калум Чемберс беше највисок во скокок, и намалува на 4:3.
Проба до крајот Арсенал да дојде до израмнувачки гол. Сепак, и покрај неколку добри шанси, резултот не се менуваше, па тимто на Јирген Клоп дома си оди со три бода.