Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо не имаше многу причини за задоволство после синоќешниот натпревар против неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.
Иако во средината на второто полувреме постигна одличен погодок после асистенцијата на Бонучи, тимот на Јуве беше поразен со 2-1 и тоа со голови постигнати во последните минути од мечот.
После средбата Роналдо изјави дека Манчестер не заслужи да победи и дека неговата екипа требало да слави со три или четири голови разлика.
„Лигата на Шампионите е натпреварување каде што можете да водите, но не смеете да се опуштите, бидејќи се е возможно. Доминиравме 90 минути, имавме многу шанси, можевме да постигнеме три или четири голови, но се опуштивме и бевме казнети за тоа. Манчестер не направи ништо за да победи. Не можеме да зборуваме и за среќа, бидејќи морате и самите да ја креирате, а во овој случај нашата им ја поклонивме ним“, рече Роналдо и додаде коментар во однос на голот кој го постигна:
„Ја видов снимката во соблекувалната. Не знаев дека тоа е фантастичен гол, но направив добар потег со ногата и ја удрив топката силно“, заврши Португалецот.