„Марка“: Перез конечно ќе го засилува тимот, Реал оди на шопинг во Каталонија!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид почна да игра подобро под водство на привремениот тренер Сантијаго Солари, а поради тоа претседателот Флорентино Перез сака да ангажира дополнителни засилувања за екипата во јануари.

„Марка“ пишува дека Реал Мадрид е заинтересиран за фудбалерот на Еспањол, Марио Хермосо, 23-годишниот дефанзивец кој неодамна доби повик од селекторот Луис Енрике во шпанската репрезентација.

Инаку, Хермосо е дете на Реал, откако помина девет години во клупската академија пред да се пресели во Еспањол.

Екипата од Барселона е вистински хит сезонава, откако се наоѓаат на второ место веднаш зад градскиот ривал.

Наводно, трансферот би чинел „само“ 7,5 милиони евра, а на сопственикот на Еспањол му требаат пари за да ги подмири долговите на клубот, па очигледно сè зависи од „кралскиот клуб“.