Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот дефанзивец Фабио Коентрао може во ова лето да оствари уште еден голем трансфер во кариерата.
После што во 2011 година од Бенфика стигна во Реал Мадрид за дури 30 милиони евра, Коетрао добиваше шанса за игра, повеќе шанса добиваше бидејќи тренер на Реал Мадрид беше Жозе Мурињо кој многу ги ценеше неговите квалитети.
Сепак, после заминувањето на Посебниот од клупата на Кралевите, така и кариерата на Коентрао тргна во надолна патека.
Тој во минатото лето отиде на позајмица во Монако, а ни таму не можеше да се наигра. Во ова лето се врати во Мадрид каде што неговата иднина не изгледаше светла се до моментот кога се појави информација дека за неговите услуги е заинтересиран Јирген Клоп.
Германскиот стручнак на клупата на Ливерпул не е задоволен со игрите на Шпанецот Алберто Морено и сака да го замени токму овој бек од Португалија.
Со оглед дека Коентрао не е во плановите на Зидан, веројатно многу лесно ќе дојде до договор меѓу Реал и Ливерпул.