Ковачиќ „откри“ зошто Ливерпул нема да ја освои титулата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хрватските репрезентативци беа во еден хотел во Загреб и учествуваа во хуманитарна акција од која половина од средствата ќе бидат потрошени за купување опрема за детски болести.

Репрезентативците се јавуваа на телефон на тие кои сакаат да донираат, а со нив работеа и многу музички ѕвезди, како и политичари.

Притоа навивачите беа воодушевени од репрезентативците на Хрватска за овој потег.

Еден од нив, Матео Ковачиќ зборуваше со новинарите за ситуацијата во Премиерлигата.

„Ливерпул нема да биде шампион. А, зошто? Па, поради тоа што го имаат Дејан Ловрен“, кажа Ковачиќ и ги насмеа присутните.