Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан се наоѓа во многу тешка ситуација, откако голем број од нивните фудбалери се повредени, а најкритична позиција е дефанзивата.
Леонардо имаше неколку опции за стопсерката позиција, па има и неколку „нереални“ решенија како Тијаго Силва, но сите знаат дека тоа е тешко поради неговата плата.
Милан, наводно имале состанок со Сао Паоло и разговарале за можен трансфер на Родриго Кајо.
Кајо е 25-годишен стопер, кој со своите настапи во Бразил го привлече вниманието на многу тимови од Европа, а покрај Милан за него интерес покажаа уште Интер и Лацио.
„Росонерите“ подготвиле понуда од осум милиони евра за неговиот потпис или евентуална позајмица со право на откуп во износ од 13 милиони евра.