Егзодус од Рим: Три големи ѕвезди на Рома сакаат да си заминат!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кориеро дело Спорт“ пишува дека Рома ќе мора да продаде тројца важни фудбалери во зимскиот преоден рок, а станува збор за Костас Манолас, Лоренцо Пелегрини и Ченгиз Ундер.

Манолас има договор со Рома до 2022 година, но има многу мала откупна клаузула од „само“ 36 милиони евра, па најзаинтересирани за неговите услуги се Јувентус и Баерн Минхен.

Од друга страна, Пелегрини има откупна клаузула од 30 милиони евра, а веќе долг период се поврзува со Манчестер јунајтед и Интер.

И на крајот Ундер има откупна клаузула од неверојатни 60 милиони евра, но таа не би требало да претставува проблем за некои европски гиганти, како што се Арсенал и Баерн Минхен.