Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ би можел по една сезона да ја напушти МЛС-лигата и екипата на Лос Анџелес галакси.
Швеѓанецот сака да се врати во Европа, а во свои редови би сакал да го види Милан, а токму тој трансфер ќе биде тема на разговор помеѓу Мино Рајола и претставници на „росонерите“.
Сепак, иако италијанските медиуми пишуваат дека една од причините за пристигнувањето на Рајола во Милано е да му даде поддршка на Џакомо Бонавентура, кој заработи тешка повреда.
Ако трансферот на Ибра се случи, тогаш тој ќе се врати во клубот по многу години бидејќи за италијанската екипа играше од 2010 до 2012 година и во 85 одиграни натпревари постигна 56 голови.
Претходно Ибра настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.