Три англиски гиганти во пеколна борба за „воин“ од Рома!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед  дефинитивно ќе менува нешто наскоро, а очигледно управата ќе му исполни неколку желби на тренерот Жозе Мурињо, иако се споменува дека е на излезните врати.

Фудбалерот на Рома, Лоренцо Пелегрини, настапува одлично и сезонава, па привлече голем интерес од европските гиганти, но најмногу понуди се очекуваат од Премиерлигата.

Италијанските медиуми пишуваат дека неговиот агент деновиве бил во Англија за да преговара со англиските гиганти, а Јунајтед бил најсериозен во нивните намери да го ангажира, иако Челси и Арсенал се подготвени исто така да преговараат со него.

Интересно е тоа што неговата откупна клаузула е само 30 милиони евра, а тоа е премногу малку за ваков тип на фудбалери, па Рома ќе се обиде да го продолжи неговиот договор, но ќе има навистина тешка мисија.