Комплетната шпанска репрезентација до вчера имаше 97 настапи, а Џеко 98


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанците во мечот против БиХ настапија со млад состав, кој заедно собрани имаа вкупно 97 настапи до дуелот во Лас Палмас.

Младиот голман Кепа, потоа Џони, Лоренте, Хермосо, Гаја, Родри, Себалос, Сусо, Иско, Асенсио и Мората.

Офанзивните играчи можеме да ги сметаме за искусни, додека дефанзивната линија и тоа како се неискусни и тек имаат прилика да се покажат на големата сцена.

Уште од 3. септември 2005. година во пријателскиот меч против Канада, Шпанија немала толку неискусна и млада репрезентација на теренот. И репрезентацијата на Бих имаше неколку играчи кои се на почеток од својата репрезентативна кариера, но самиот Един Џеко има повеќе настапи од комплетната постава на Шпанија.

Џеко вчера го одигра и 99. официјален натпревар за БиХ.