Од Барселона ја одредија цената за Дембеле


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Младиот Осман Дембеле во последно се повеќе се наоѓа во медиумите во Шпанија во делот за трансфер шпекулации.

Французинот се поврзува со заминување од клубот најмногу поради неговиот не професионализам и недоволното залагање.

Шпанскиот весник „Спорт“ пренесува дека од редовите на Барселона биле подготвени да го пуштат играчот да си замине од клубот за сума од 89 милиони фунти.

За него сериозен интерес постои од Арсенал и Тотенхем, клубови кои веројатно ќе тргнат по играчот во текот на летниот преоден рок.