Погба ќе си бега „дома“, а во спротивен правец пристигнува Бразилец!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Пол Погба сака да се врати во Јувентус, откако им кажал на навивачите на гостувањето на Манчестер јунајтед во Торино.

Погба во разговори со поранешниот клуб покажал желба да се врати кај „старата дама“, но проблем е платата, иако Јувентус би се ослободил од неколку фудбалери, а се споменуваат дури и продажби на Марио Манџукиќ, Сами Кедира и на Квадрадо за да се отвори простор за Французинот.

Сепак, тешко може да се замисли дека Јунајтед ќе го пушти Погба, кој очигледно во изјавите кажува едно, а сепак планира нешто сосема друго.

И во Јувентус еден фудбалер сака да замине и тоа во Англија, а станува збор за Алекс Сандро, кој го посакува Јунајтед, но исто така и Манчестер сити и Челси.

Медиумите пишуваат дека Јувентус освен Сандро, ќе продаде уште три или четири фудбалери во лето, за да го подмладат тимот.