Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот италијански репрезентативец, Џузепе Роси имаше многу тешки денови во текот на кариерата, но овие се најтешките дефинитивно.
Роси имаше пет тешки операции на коленото во текот на кариерата и поради тоа никогаш не успеа да го искористи полниот потенцијал, а некогаш беше голема надеж на Манчестер Јунајтед.
Овој фантастичен напаѓач денес е без клуб, а во разговор за Кориере дело Спорт порача дека повеќе не мечтае за повеќегодишен договор и милиони евра, туку само на сите да им покаже дека е добар фудбалер.
„Морам да бидам трпелив и да чекат да дојде вистинската шанса бидејќи моментално не се во мои раце. Мислам дека досега ќе имам неколку понуди, но морам да се помирам со тоа дека повеќето клубови имаат веќе 25 регистрирани играчи и дека не можам никаде“, истакна Роси и додаде:
„Многумина луѓе се уште ги споменуваат моите повреди, но тие веќе не постојат. Секако, нема да кажам дека сум ги немал, но тие не ми застанаа на патот. Секогаш се враќав и сега сум подготвен за заиграм на вообичаеното ниво. Не барам петгодишен договор или милиони евра, само сакам да покажам дека сум способен фудбалер“.
За потсетување, Роси денес има 31 година, а последниот клуб засега му беше Џенова.