Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Старата дама после репрезентативната пауза сака да продолжи со својот победнички ритам во домашното првенство, а на гости им доаѓа СПАЛ, на кои не им се даваат големи шанси на оваа средба. Овој натпревар за играчите на СПАЛ е навистина посебен, а тоа се однесува на искусниот напаѓач Мирко Антенучи.
Овој 34-годишен напаѓач за италијанските медиуми изјави дека едвај го чека натпреварот против Јуве и средбата со Кристијано Роналдо кој многу го почитува. Дури јасно порача дека тој ќе му го побара дресот на Роналдо и дека ќе им забрани на своите соиграчи тоа да го направат.
„Можеби ќе биде расположен да ми ја исполни желбата и да ми го даде неговиот дрес. Сигурно е дека ќе го прашам и ќе пробам да го уловам пред натпреварот. Се надевам дека ќе ми ја исполни желбата, а доколку тој го посака мојот дрес тоа ќе биде уште подобро. На останатите играчи им забранив да му го бараат дресот“, низ смеа порача Антенучи.