Лоши вести од Сараево: Роберт Просинечки итно префрлен во Болница


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Босна и Херцеговина пренесуваат дека селекторот на оваа репрезентација и легенда на југословенскиот фудбал, Роберт Просинечки морал итно да биде префрлен во болница.

Хрватот бил примен на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево поради исцрпеност каде што примил инфузија, а потоа бил задржан и на дополнителни испитувања.

Просинечки бил сместен на клиниката за абдоминална хирургија затоа што имал проблеми со желудникот.