Емери ја изненади јавноста: Арсенал само се распаѓаше под водство на Венгер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тренер Унај Емери сезонава стигна на кормилото на Арсенал и тоа како замена за легендарниот Арсен Венгер, кој го водеше клубот дури 22 години.

Последната сезона Венгер ја одработи лошо, односно Арсенал имаше 63 бодови и беше на шестото место.

За шпанските медиуми, Емери зборуваше за Венгер и неговиот пристап во последната година.

„Со тек на време техничките квалитети и нападот доаѓа до израз, но не можеше да работи на деанзивата. Тоа што сакам е да ги комбинирам одбраната и нападот и да бидеме комплетни. Арсенал под водство на Венгер постојано се распаѓаше“, кажа Емери.

Арсенал следниот натпревар го игра против Борнмут во недела.