Фудбалот без тимска игра е ништо, доказ за тоа е и неверојатниот потег на Икарди (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Интер, Мауро Икарди на неверојатен начин им се оддолжи на соиграчите што му помогнаа изминатата сезона да заврши како најдобар стрелец во Серија А.

Аргентинецот со фантастичен гест покажа дека навистина верува во тимскиот дух, па со поклонување на скапоцени часовници изрази благодарност за успехот, кој стана успех на целиот клуб.

„Никогаш нема да го заборавам тоа што бев најдобар стрелец, но не сакам на тоа да се сеќавам како сон. Бидејќи, без овие луѓе – тоа и не би било возможно“, порача фантастичниот голгетер на Инстаграм.

Икарди изминатата сезона заврши на првото место како најдобар стрелец во Серија А со 29 постигнати погодоци. Со подароци ги почести и Бразилецот, Рафиња, како и Жоаоа Кансело кои повеќе не се во Интер, играат за Барселона, односно Јувентус.

Во оваа сезона, Икарди на 13 натпревари постигна седум погодоци и имаше две асистенции. Интер е трет на табелата во Серија А, со бод помалку од Наполи, а девет помалку од Јувентус.