Ди Франческо потврди, Џеко го пропушта и дербито против Интер


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Един Џеко го пропушти синоќашниот натпревар меѓу Рома и Реал Мадрид на кој шпанскиот тим славеше со сигурни 2:0.

Рома посебно во првиот дел од натпреварот имаше голем број на прилики да стигне до водство но напаѓачите на италјанскиот клуб беа доста непрецизни, па се виде дека недостига Џеко, бидејќи тој барем една од тие шанси сигурно ќе ја претвореше во гол.

Работите да бидат уште полоши за Рома, Един Џеко нема да игра ниту на следниот натпревар кој ќе биде исто така значаен.

Во недела на Олимпико гостува Интер, а Рома дефинитивно ќе биде ослабена, а тоа го потврди и тренерот Ди Франческо после натпреварот со Реал.

„Против Интер сигурно нема да можеме да сметаме на Един Џеко, Стефан Ел Шарави, Даниеле Де Роси, а веројатно и Лоренцо Пелегрини. За жал, Џеко се повреди во последните минути од тренингот пред натпреварот со Реал и нема да игра одредено време. Колку долго не знам, но има болки”- образложи тренерот на Рома.

Потсетуваме, Един Џеко на последниот тренинг на Рома пред натпреварот со Реал Мадрид се пожалил на болки во мускулите и наскоро би требало да биде познато колку време ќе биде отсутен.