Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Офанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл би можел наскоро кариерата да ја продолжи во Италија, изјави неговиот менаџер Џонатан Барнет.
Велшанецот, според зборовите на неговиот застапник, моментално е задоволен во редовите на европскиот шампион, но не е исклучено еден ден да заигра на Апенините и да тргне по патот на Кристијано Роналдо, кој летово од Реал Мадрид премина во Јувентус.
„Герет е среќен во Реал, но ако гледаме во иднина се е можно на трансфер пазарот. Заминувањето на Роналфо е голем пораз за Мадриѓаните, Бејл сакаше да игра со него. Вистина е дека пристигнувањето на Роналдо во Италија допринесе и останатите ѕвезди да размислуваат за Серија А“, истакна Барнет за Тутоспорт.
Бејл во изминативе пет години е член на кралскиот клуб, откако премина од Тотенхем за тогашен рекорд од 100 милиони, и досега постигна 94 погодоци на 206 натпревари.
Со Реал освои се што е можно, четири трофеи во Лигата на шампионите, две Светски клупски првенства, Примера, Суперкупот на Шпанија, два УЕФА Суперкупа и Куп на Кралевите.