Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одамна е јасно дека Челзи претера со бројот на играчите кои ги ангажира, па некои ги испрати на позајмица, а наскоро би можело да дојде до драстично скратување на списокот.
Имено, ФИФА одлучила од сезоната 2020/2021 да го ограничи бројот на играчи кој еден клуб може да го има на позајмица и таа бројка можа да биде од шест до осум.
Челзи во моментот има 39, а меѓу нив и Данило Пантиќ кој моментално е играч за врска во Партизан.
Токму и поради него оваа тема е занимлива.
Потсетуваме, Пантиќ минатото лето се врати во Белград како позајмен играч од Челзи, а по завршување на сезоната во која ја оправда укажаната доверба беше неизвесно каков ќе биде неговиот статус. Летото се врати во Челзи, а Партизан сакаше да го заджи на уште една година, но претходно Пантиќ мораше да го продолжи договорот со „плавите“ за новата позајмица да биде возможна и тоа на крајот и се случи, па оваа сезона популарниот Дача е еден од најдобрите играчи на црно- белите.
Неговиот нов договор истекува во јуни 2021 година, но во овие моменти и понатаму е тешко овој млад играч за врска да се надева на некоја сериозна шанса на Стемфорд Бриџ во наредните сезони.
Поради тоа најреално е Пантиќ да биде еден од играчите кои Челзи ќе ги тргне од листата на позајмени играчи но прашање е кога ќе се случи тоа и кои ќе бидат условите за разделба со српскиот играч за врска.
Во секој случај, за Партизан има шанса, но прашање е кои се желбите на Пантиќ на крајот на сезоната, дали ќе му биде амбиција и трета сезона да игра во екипата а Партизан. Летото околу тоа немаше никакви дилеми