Симеоне ја сподели својата теорија: Ха ха, не ме смејте, знаете како стојат работите во фудбалот?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Симеоне ја предводеше кампањата неговиот напаѓач, Антоан Гризман да ја добие „Златната топка“. Не успеа, наградата во Париз ја доби Лука Модриќ.

„Да се игра во Атлетико го отежнува доаѓањето до наградата бидејќи во историјата секогаш моравме двојно повеќе да работиме за да се доближиме на некои поважни клубови“, гласи теоријата на аргентинскиот тренер според кој Гризман стартувал од потешка позиција во однос на Лука Модриќ.

„Кога е Гризман во прашање, на негово место би бил среќен. Го освои СП и тоа е тешко да се направи. Потоа, секој може да одлучи и да го избере она што мисли дека е прикладно. Му честитам на Модриќ, дефинитивно имаше голема сезона, но за мене најдобри беа Варан и Гризман“.

Симеоне не застана тука. Кога новинарите го прашаа дали играчите на Атлетико се почитуваат помалку, тој го „боцна“ градскиот ривал од каде доаѓа и најдобриот фудбалер на светот.

„Ха ха. Ме смеете, бидејќи сакате да го кажам она што веќе го знаете. Куртоа замина во Реал и оддеднаш стана најдобар голман на светот, а кога беше кај нас, наградата ја доби Кејлор Навас. Има работи кои немаат смисла. Во овој свет на фудбалот, мораш да знаеш каде си и што те чека, а потоа и полесно да живееш“.