Килијан Мбапе откри кој фудбалер посакува да дојде во ПСЖ


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот млад светски фудбалер, Килијан Мбапе истакна дека би сакал да го види холандскиот фудбалер, Френки Де Јонг во редовите на ПСЖ.

Мбапе беше запрашан за играчот од средниот ред на Ајакс за време на церемонијата на доделувањето на Златната топка на што Мбапе одговори:

„Неговата визија за играта и квалитетот на пасовите го прави многу ценет. Тој е добредојден во Париз. Секогаш ќе зборувам добро за него затоа што тој ќе ни помогне нас многу“- коментираше Мбапе.