Тотнем подготвува мега-трансфер: Покетино најде ново засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотнем разбра дека со овој тим не може да конкурира за титулата во Премиерлигата, па поради тоа решија да купуваат во јануари, откако летоска не ангажираа никого.

Тие се заинтересирани за фудбалерот на Рома, Џенгиз Ундер, кој ќе се обидат да го купат во јануари.

Младиот фудбалер е фантастичен сезонава, па привлече голем интерес ширум Европа и нема сомнеж дека би можел наскоро да си обезбеди подобар договор или да замине од Рома.

Наводно, Тотнем подготвил 52 милиони евра, откако Римјаните одбиле понуда од 35 милиони евра за Турчинот.

Ундер има 21 година, па има потенцијал да прерасне во еден од најдобрите фудбалери во Европа.