Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во текот на денешниот ден беа одиграни шест натпревари од 15. коло од англиската Премиер лига.
Дербито на вечерта се играше на „Олд Трафорд“ каде силите ги одмерија Манчестер Јунајтед и Арсенал. Во еден навистина луд натпревар, на крајот резултатот на семафорот беше 2:2. Гостите поведоа со голот на Мустави во 26. минута по лошата реакција на Де Геа, но по само четири минути Манчестер Јунајтед преку Марсијал го изедначи резултатот.
Арсенал до ново водство стигна во 68. минута по една катастрофална грешка на Маркос Рохо, но веќе во следниот напад Јунајтед израмни преку Лингард.
Екипата на Челси пак претрпе изненадувачки пораз на гостувањето кај Вулверхемптон со 2:1. „Сините“ добро го отворија натпреварот и во 18. минута стигнаа до водство до 1:0. Сепак избраниците на Нуно Еспирито Санто не се откажаа и со два гола во четири минути кои ги постигнаа Хименез и Јота стигнаа до голема победа.
Барнли- Ливерпул 1:3
Евертон- Њукасл 1:1
Фулам- Лестер 1:1
Вулвс- Челси 2:1
Манчестер Јунајтед- Арсенал 2:2
Тотенхем- Саутемптон 3:1